Електричен и електронски отпад

Во категоријата електронски отпад спаѓаат сите видови компјутери и компјутерска опрема (тастатури, глувчиња), монитори, принтери, кертриџи, тонери, скенери, мобилни телефони, фотоапарати, телевизори, видео и аудио уреди и сл.

background image

Општи информации

Поради брзиот технолошки развој и краткиот животен век на уредите, во последните години електронскиот и електричниот отпад преставуваат голем процент од вкупниот отпад на светско ниво. Поради тоа, исклучително важно е како се постапува со него.

Со цел да се намали ризикот од загадување на животната средина и да се елиминираат негативните ефекти врз нашето здравје, електронските и електричните уреди треба соодветно да се рециклираат односно да не се фрлаат со комуналниот отпад, туку да се предадат на фирма овластена за рециклирање на ЕЕ-отпад. Екоцентар 97 ќе се погрижи Вашата опрема да биде правилно сортирана и рециклирана, а со тоа вашиот стар и нефункционален уред да биде извор за нов ресурс во иднината.

Правни субјекти

Со донесувањето на "Законот за управување со електрична и електронска опрема и отпадна електрична и електронска опрема", правните лица имаат законска обврска отпадната електрична и електронска опрема да ја предадат во овластена компанија (рециклатор) која понатаму ќе постапи согласно позитивните законски прописи и правилници.

image

Екоцентар 97 има специјализирани возила со кои ја подигнува ваквата отпадна опрема од компаниите, за која што издава соодветна документација која што е доказ за понатамошниот третман на отпадната опрема, и тоа:

  • checkmark icon
    Tоварен лист
  • checkmark icon
    Идентификационен формулар
  • checkmark icon
    транспортен формулар
  • checkmark icon
    изјава од службен весник
  • checkmark icon
    приемница и кантарска белешка

Доколку се работи за количина поголема од 300 кг или 10 големи уреди, Екоцентар 97 врши преземање на ее–отпадот од Вашата локација.

Физички лица

Физичките лица односно домаќинствата се корисници на најголем процент на електрична и електронската опрема, а тоа значи дека овој сектор во општеството го генерира и најголемиот процент на отпадната електрична и електронска опрема.

Составот на каблите е во главно од бакар или алуминиум кои што имаат економска вредност и значајно е соодветно да се третираат со цел да се вратат во процесот на производство.

Но, отпадните кабли исто така содржат гума или пластика кои што претставуваат опасност за животната средината доколку се горат или несоодветно се третираат. Поради тоа каблите треба да се предадат на фирма која што е овластена за рециклирање на метали. во Екоцентар 97 се користат посебни методи и соодветен опрема за делење на металот од изолацијата (гума или пластика) со што металите и изолацијата може да се процесираат во понатамошни фази на рециклирање.

Дознај повеќе
image
image

Симнете ја новата мобилна апликација на Екоцентар 97, пријавете ее-отпад и нашиот тим ќе ве контактира за бесплатно преземање.

Апликацијата е достапна за преземање за iOS и Android и ви овозможува брзо и лесно да го рециклирате електронскиот и електричен отпад во само неколку чекори.